Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска во Гевгелија

07.05.2015 12:25

Државата преку проектот покрива дел од ратата или од учеството, каматните стапки преку него се најповолни на пазарот, а според проценките, едно семејство може да заштеди и до 14 илјади евра...

Карванот „Купи куќа, купи стан“ денеска е во Гевгелија. Претставници на Министерството за финансии, на банките и на локалните градежни компании ќе презентираат подетални информации за начинот и условите за аплицирање и користење на субвенциите.

Државата преку проектот покрива дел од ратата или од учеството, каматните стапки преку него се најповолни на пазарот, а според проценките, едно семејство може да заштеди и до 14 илјади евра.

Наредните недели, карванот продолжува во Струмица, Штип, Тетово, Велес и во Куманово. Предходно проектот беше презентиран во Охрид и во Прилеп.