Двојно убиство во тетовско

07.05.2015 12:38

Постариот брат починал на самото место, а помладиот на пат кон тетовската болница. Други две лица пак, роднини на убиените, се сериозно повредени од огнено оружје и се пренесени на скопските клиники...

Изутрината околу 7 часот покрај патот за селото Седларево, кај месноста Јабланица со огнено оружје биле усмртени двајца браќа од селото Мерово, на возраст од 24 и 25 години.

Постариот брат починал на самото место, а помладиот на пат кон тетовската болница. Други две лица пак, роднини на убиените, се сериозно повредени од огнено оружје и се пренесени на скопските клиники.

Се врши увид од надлежен јавен обвинител и екипа на СВР-Тетово.