Јанкулоска: Полицијата е гарант на безбедноста на граѓаните

07.05.2015 13:02

Граѓаните очекуваат професионално и решително да реагирате на секој обид да се наруши мирот и да завладее хаос. На секое насилството и вонинстицуинално узурпирање на вољата на граѓаните мора соодветно да се одговори, се вели во честитката...

„Сакам да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност во работата со кои се гордеат граѓаните на Република Македонија“,стои во честитката од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, по повод Денот на полицијата.

Граѓаните очекуваат професионално и решително да реагирате на секој обид да се наруши мирот и да завладее хаос. На секое насилството и вонинстицуинално узурпирање на вољата на граѓаните мора соодветно да се одговори, се вели во честитката.

Република Македонија и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа од вас се очекува да бидете на висина на задачата. Да бидете истрајни и професионални и да ги почитувате уставот и законите, истакнува Јанкулоска по повод одбележувањето на Денот на полицијата.