Приведени две лица осомничени за оружениот инцидент во тетовско

07.05.2015 15:46

Според информациите од тетовската полиција, двете приведени лица се задржани во тетовската полиција и со нив се разговара за инцидентот...

Полицијата привела две лица на 54 и 29 години под основано сомнение дека биле вклучени во вооружениот инцидент што се случил во близина на селото Мерово во општина Желино.

Таму утрово околу 7 часот двајца браќа на 24 и 25 години се здобиле со смртни повреди. Повозрасниот починал на самото место, а помладиот брат починал на пат за тетовската клиничка болница.

Во болница биле донесени уште две лица со повреди од огнено оружје кои поради животно загрозувачката состојба биле испратени на универзитетската клиника во Скопје.

Според информациите од тетовската полиција, двете приведени лица се задржани во тетовската полиција и со нив се разговара за инцидентот.