Одбележан Денот на полицијата

07.05.2015 16:32

Благодарност за пожртвуваноста, професионализмот, хуманоста и посветеноста во работата како гордост на граѓаните на Македонија. Политичкиот врв со честитка по повод Денот на полицијата. Земјата и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа од вас се очекува да бидете на висина на задачата, рече министерката Јанкулоска...

Сакам да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност во работата со кои се гордеат граѓаните на Република Македонија, стои во честитката од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по повод Денот на полицијата. Граѓаните очекуваат професионално и решително да реагирате на секој обид да се наруши мирот и да завладее хаос.

„На секое насилството и вонинстицуинално узурпирање на вољата на граѓаните мора соодветно да се одговори. Република Македонија и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа од вас се очекува да бидете на висина на задачата. Да бидете истрајни и професионални и да ги почитувате уставот и законите“, вели Јанкулоска.

Од Здружението на загинати бранители од конфликтот во 2001-та велат дека државните институции се подготвени да се справат со каков било предизвик.

„Како што се случуваат денешните состојби, гледано завчера и вчера, јас сметам дека оваа власт има капацитет да седене и да преговара и да најде зедничко решение, бидејќи овие мајки овдека 14 години се завиткани во црно и не сакаме да има повеќе такво нешто“, изјави Владимир Стојановски.

По повод одбележувањето на Денот на полицијата, вратите на касарната во Ѓорче Петров беа отворени за граѓаните. Изложени беа опремата и техниката на специјалните единици.

 

Андријана Атанасовска