Туризмот расте- понудата збогатена
Од денеска до 10 мај во Скопје ќе се одржи Меѓународен саем за туризам. Со попусти, наградни игри, агенциите ги продаваа аранжманите. Освен туристичките агенции и градоначалниците активни на саемот за туризам...

Охридско- струшко крајбрежје, нови хотели со богати содржини, во моментов се нудат на странците. Домашните туристички агeнции веќе петта година работат и вински тури. Асим Меѓедовиќ, директор на туристичка агнеција вели дека за разлика од порано кога се нуделе само познатите туристички места, последните години понудата е збогатена.
„Нудиме и многу други екскурзии, како селски и градски тури, посета на културно- историски места, религиски тури, бродски тури како и активен туризам“, вели Асим Меѓедовиќ, директор на туристичка агенција.
Од денеска до 10 мај во Скопје ќе се одржи Меѓународен саем за туризам. Со попусти, наградни игри, агенциите ги продаваа аранжманите. Освен туристичките агенции и градоначалниците активни на саемот за туризам.
„Преовладува размислувањето на гостите, псоебно странските дека сепак Охрид е евтина туристичка дестинација“, вели Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Туризмот беше тема и на Балканска коференција организирана од Министерството за економија.
„Секое отворање на едно работно место во туризмот, значи отворање на три работни места во други институции“, изјави Беким Незири, министер за економија.
Според податоците, во изминативе 8 години овој сектор во Макдонија има раст од 40 проценти.
Наташа Јанчиќ
