СДСМ објави нови прислушувани разговори
СДСМ објави нови аудио-материјали од прислушувани разговори кои ги поседува. Лидерот на патијата, Заев тврди дека од нив се слуша како власта прикривала детали од сообраќајната несреќа на новинарот Никола Младенов...

Лидерот на СДСМ, Заев објави нови аудио- материјали од прислушувани рзговори. Тој тврди дека од нив се слуша како владини функционери се обидувале да прикријат одредени податоци поврзани со сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов. Заев наброи повеќе причини поради кои смета дека истрагата треба да се повтори.
Како гест на револт поради односот на СДСМ кон медиумите, на почетокот на прес-конференцијата на партискиот лидер, Зоран Заев снимателите од повеќе медиуми ги спуштија кмерите и го прекинаа снимањето и му врачија примерок од Уставот.
Игор Панов