Економијата е стаблина- добри предуслови за развој на пазарот на капитал
Македонската економија е стабилна. Ликвидноста, ниските каматни стапки треба да помогнат да се валолизираат позитивни ефекти во економијата. Дебата за можностите за раздвижување на пазарот на капитал и привлекување странски инвеститори на Македонската берза...

Има добри предуслови за равој на македонскиот пазар на капитал. Високиот економски раст, сигурноста и ликвидноста според банкарска фела се клучните фактори компаниите да инвестираат во хартии од вредност. Развојот на финансиските пазари се шанса за помалите економии.
Според брокерите мала е финансиската писменост, а не се познати и инструментите. Штедењето, велат во пракса подразбира банкарски депозити.
На македонската берза во првите три месеци од годинава биле истргувани над 9 милиони евра. Лани вкупниот промет на берзата изнесувал 142 милиони евра, а индексот МБИ 10 забележал раст од над 6 проценти. По 2007- та сега се бара модел каков треба да биде пазарот на капитал во отворена економија, вели првиот човек на Македонска берза.
Лани за 360 проценти била зголемена вредноста на средствата со кои управувале инвестициските фондови, но сеуште велат од Комисијата за хартии од вредност компаниите не го перцепираат пазарот на капитал како извор на финансирање.
Дијана Ценевска
