Потпишани договрите за изградба на 19 мали хидроцентрали

08.05.2015 12:48

Ќе се обезбедат дополнителни 20 мегавати електрична енергија од обновливи извори. Треба да почнат со работа најдоцна за една година...

Потпишани 12 договори со концесионери за користење на водата за производство на електрична енергија. На 19 локации ќе се градат мали хидроцентрали, ќе се обезбедат дополнителни 20 мегавати електрична енергија од обновливи извори. Треба да почнат со работа најдоцна за една година. 

„Вредноста на еднократниот концесиски надоместок е околу 150 милиони денари. Со изградбата на овие мали хидроцентрали, ќе се обезбедат дополнителни 20 мегавати електрична енергија од обновливи извори“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

Предраг Чеверикиќ, претставник од Хидроген енерџи груп информира дека компанијата ќе инвестира 5 милиони евра во четири мали хидроцентрали. Тој очекува дека овој период следната година ќе почнат со производство на зелена енергија.