Коѕиас во јуни во Македонија?
08.05.2015 13:03
Шефот на грчката дипломатија најавува проактивна политика во однос на Западниот Балкан за време на неговата јунска турнеја...

Во јуни, министерот за надворешни на Грција, Никос Коѕиас планира да ја посети Македонија.
Ова вчера го јави грчката агенција „Мета“ повикувајќи се на радиото „Параполитика“. Шефот на грчката дипломатија најавува проактивна политика во однос на Западниот Балкан за време на неговата јунска турнеја.
Претходно во Будимпешта, министерот за надворешни Попоски со неговиот грчки колега разменија писма со мерки за градење доверба.
