Оштетен автомобилот на екс претседателот на судот во Велес
По трет пат демолиран автомобилот на екс претседателот на велешки суд. Вчеравечер на паркингот кај Градскиот пазар, непознати сторители го полиле автомобилот марка Форд со солна киселина и ги исекле гумите. Полицијата работи на расчистување на случајот. Лазарови несакаат да говорат пред камера...

За само една годита автомобилот на поранешниот претседател на основниот суд во Велес, Јордан Лазаров е оштетен. Непознат сторител или сторители, вчера вечер истуриле солна киселина и најверојатно со нож ги исекле сите гуми на автомобилот марка Форд.
Семејството Лазарови денеска одлучи да молчи. Во камера екс претседателот на Основниот суд, Јордан Лазаров, не сакаше да говори. Во телефонскиот разговор вели дека се сомнева на можни сторители, но она што засега најмногу го плашело е безбедноста на неговото семејство.
Автомобилот и денес стои на паркингот кај Градскиот пазар.
Од полицијата велат дека работат на расветлување на случајот. Истагата не е затворена и за претходните два, кога пред домот на Лазарови во првиот случај беше опожарено, а во вториот исечени две гуми на истиот автомобил.
Дијана Иванова
