Меморандум за соработка

Се унапредува грижата за лицата со посебни потреби

08.05.2015 13:26

Станува збор за исклучително значаен документ со кој даваат придонес во подигањето на свеста за лицата со посебни потреби кои се рамноправни и корисни чинители во општествената заедница.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, потпишаа Меморандум за соработка, преку кој ќе се реализира проектот насловен „Инклузивни и креативни“, со кој ќе се унапреди заедничката грижа за лицата со посебни потреби и ќе им се даде можност креативно да се изразат.

Станува збор за исклучително значаен документ со кој даваат придонес во подигањето на свеста за лицата со посебни потреби кои се рамноправни и корисни чинители во општествената заедница.

„Овие лица кои имаат навистина специфичен сензибилитет со кој создаваат исклучително креативни дела, заслужуваат посебно охрабрување и ние мораме да се насочиме кон активности и проекти кои ќе ги задоволат потребите на лицата со посебни потреби и ќе овозможат нивно активно интегрирање во нашето културно и општествено живеење“, нагласи министерката за култура Канческа - Милевска.

Министерот Спасов рече дека Владата во своите приоритети има зголемување на финансиската поддршка и паричните права кои го остваруваат овие лица, деца и нивните родители, како и воведување нови парични права како што е паричното право за посебен додаток за сите деца со Даунов синдром