Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се утврди кривичната и политичката одговорност

08.05.2015 13:41

На прес-конференцијата по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Хан истакнал дека во наредниот период ќе биде клучно да се утврди кривична, но политичка одговорност за случувањата во Македонија...

Состојбата во Скопје е многу сериозна. Членови на Eвропскиот парламент веќе се обидуваат да разговараат и да изнајдат решенија меѓу клучните актери. Има наводи и истраги за криминален случај, а од друга страна има и политички случај, политички скандал. Што е многу важно, опозицијата да се врати во Собранието кадешто треба да се создаде политички комитет за да се справи со политичка одговорност за целото прашање. Ова синоќа во Белград го изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.  

На прес-конференцијата по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Хан истакнал дека во наредниот период ќе биде клучно да се утврди кривична, но политичка одговорност за случувањата во Македонија...

Паралелно, независно од политиката треба да се следи и од судството за криминалните аспекти. Ние понудивме како Европска комисија да ги подржиме со неопходните експерти со што ќе се гарантира независност на истрагата. Но, најмногу зависи од одговорните лица во земјата да се справат со ова, но како ќе се справат е исто така дел од европската перспектива на земјата, нагласил Хан.