ЗНМ: Насилството против новинарите е неприфатливо

08.05.2015 16:03

Повикуваме медиумите протестите да ги покриваат со искусни и обучени новинари, видно означени со потребни легитимации, велат од ЗНМ...

Насилството против новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за настани од јавен интерес – реагира и ЗНМ.

„Повикуваме медиумите протестите да ги покриваат со искусни и обучени новинари, видно означени со потребни легитимации. Новинарите кога следат насилни протести пред се треба да водат сметка за нивната безбедност и да одбегнуваат да се движат меѓу протестантите и полицијата“, велат од ЗНМ.