Европски политичари: Опозицијата да користи демократиски стредства

08.05.2015 17:07

Двајца европски политичари се огласија со коментар за случувањата во Македонија. Словенечкиот европратеник Милан Звер апелира опозицијата да користи, како што вели демократски средства. Пратеничката во Бундестагот Карин Стренц, пак, бара мирни протсети и политичарите да најдат решение за состојбата...

Македонската опозиција да почне со користење на демократски средства, а не да го копира словенечко- бугарското сценарио за насилно уривање на централно-десничарската Влада во земјата. Ова е пораката на пратеникот во Европскиот парламент, д-р Милан Звер на однесувањето на СДСМ во Република Македонија и обидите за насилно превземање на власта...

„Тековните настани во Македонија се Дежа Ву, нешто веќе видено од слични методи што се користеа во соборувањето на централно-десничарската влада и во една друга земја, како што е Бугарија. Тоа е причината зошто ние треба да погледнеме на овие настани во Македонија во еден поширок контекст. Јас би сакал демонстрациите во Македонија да завршат и опозицијата да почне со користење на демократски средства“, порача словенечкиот европратеник д-р Милан Звер.

Во врска со случајот повредените полицајци на протестот пред Владата се огласи пратеничката во германскиот Бундестаг, Карин Стренц. Преку писмена декларација изрази жалење и повика политичките актери во земјата итно да најдат одржливо решение за криза.

„Го поддржувам правото на мирни протести и слободата на изразување. Во исто време ги осудувам насилните протести и злоупотребата на оваа демократска алатка. Насилните протести се против демократијата и владеењето на правото и против европската иднина на Македонија. Го повикувам Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) да не поттикнува и да не организира насилни протести. Се надевам дека добрите економски перформанси со највисок раст на БДП во првиот квартал од оваа година во Европа, како што е наведено од страна на ЕУ,  ќе бидат проследени со релаксирана и демократска политичката атмосфера во земјата“, стои во декларацијата на пратничката во Бундестагот, Карин Стренц.

Овие две реакции се продолжение на обидите од ЕУ за скоро надминување на состојбата.

 

Сунчица Николоска