Кривични пријави за насилниците од протестите пред Влада

09.05.2015 12:56

Против деветмина е поведена постапка за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие и против две за насилство...

Скопското Основно јавно обвинителство прими две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно 11 лица- учесници во протестите пред владата.

Против деветмина е поведена постапка за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие и против две за насилство.

По првата кривична пријава од МВР надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против девет лица, за кривично дело, учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред владата - соопшти денеска Основното јавно обвинителство.

На седум осомничени им е опредеделен притвор во траење од осум дена, а на еден осомничен му е определен куќен притвор, стои во соопштението.

Втората кривична пријава е против двајца осомничени за сторено кривично дело „насилство“.