Практиканти од Латвија за прв пат во Македонија

09.05.2015 15:05

Преку програмата Еразмус плус на европската комисија, во струшкиот хотел Дрим престојуваат ученици по туризам од Латвија. Во овој хотел ќе учат кои се тајните на македонската кујна и на угостителството воопшто, но ќе пренесат искуства и од сопствената земја...

Во Струга и воопшто во нашата земја за прв пат доаѓаат практиканти од земји на ЕУ кои ќе учат пракса за туризмот и угостителството. Проектот е спонзориран од програмата Еразмус плус на Европската Комисија.

Ова е проект за проефесионални средни училишта за туризам од Латвија кои својата пракса ќе ја имаат во хотел Дрим, во Струга во период од две недели. Ова е голем хотел и тука учениците ќе имаат можност да научат се она што им е потребновели Ана Вајга, организатор од Лативја.

Учениците се од училишта во Баркава, Јаунгулбене и Ерги од Латвија. Искуството во ваков голем хотел ќе им помогне во усовршување на нивните способости во областа на туризмот.

Ова е одлична можност за нас да научиме повеќе бидејќи наставата во училиштето е сосема поинаква од праксата, тука се е пореално и вистинксо, рече ученичката од Латвија, Пола.

Работев и на рецепција и во кујна но и научив да сервирам маси но пробав и како е да се биде келнер“, вели ученикот Маркус.

Во пракса учев да сервирам маси, видов како се работи во маркетинг службата на пример им нудев договори на агенции од Латвија, рече ученичката Анага.

Наставниците од Латвија се задоволни од можнотите и условите во Струга кои им се нудат на нивните практиканти.

Ова на нашите ученици ни е прв проект на ваква пракса и тоа претставува одлична можност за нив за усовршување на праксата во туризмотизјави наставничката Јејга.

Струга и Охрид се прекрасни места и со посетата тука ми се исполни мојот сон да ги видам овие убавини посебно на езерото и високите планине а се надевам ова ќе биде одлично искуство и за нашите ученицивели наставничката Елза.

За хотел Дрим ова претставува посебна чест и доказ за високиот угостителски ранг кој е присутен во нашата земја.

Навистина ни е чест што како хотел успеавме студенти од Латвија една европска држава да ги донесеме тука и да учат практики на угостителство и туризам во Македонија а тоа значи ние да покажеме дека сме угостители на еден висок рангизјави менаџерот на хотел Дрим од Струга, Ана Јанчева Дудановска.

Ова е за прв пат практиканти од ЕУ да ја посетат Македонија. Учениците својата пракса ќе имаат можност да ја усовршат во период од 2 недели.

 

Јованчо Наумоски