Странските инвестиции носат добивка за домашните компании
Странските инвестиции создаваат мрежа од релации со македонските компании кои работат и самостојно но и како нивна поддршка. Од нивната сериозност потоа произлегуваат натамошни врски со други странски фирми. Сево ова ја остварува крајната цел- нови работни места и економски развој на државата, сметаат експертите...

Покрај креираните нови работни места, секоја странска инвестиција е можност за обезбедување на работа за домашните компании. Експертите велат, сега е моментот тоа да се искористи. Предуслов за успех на домашните менаџери е способноста да стигнат до инвеститорите и се наметнат како респектабилен партнер за соработка.
„Да ги запознаат потребите на овие странски инвеститори и согласно нивните потреби да го прилагодат нивното сопствено производство за да одговорат на задачите на овие странски инвеститори. При тоа се разбира многу е важно да ги исполнуваат стандардите за квалитет кои што нема да важат само на почетокоттуку и натаму во текот на нивната соработка, затоа што голем дел од овие компании кои што влегоа во Македонија се сериозни компании и таму нема импровизации во текот на договореното производство“, изјави Игор Андреев, експерт за локален економски развој.
Ова е почетен импулс во развој на домашните копмании. Андреев потенцира дека влезот на странски инвеститори од автомобилскиот сектор преставува огромна можност за раст и развој на локалните компании бидејки овие инвеститорите имаат потреба од голем број на доставувачи.
„Тука и да дојдат нивни компании –добавувачи, и во хоризонталниот и во вертикалниот синџир, не претставуваат сериозна закана за компаниите од Македонија. Напротив, претставуваат дополнителна можност заедно и со нивните добавувачи да влезат во партнерски релации“, смета Андреев.
Дека работите се менуваат во корист на домашните компании има многу примери, но Андреев го посопчува последниот со штипска Актива.
„Актива од Штип отвори уште една фабрика како резултат на соработката со ВАН ХОЛ која што произведува автобуси, значи отвори уште една фабрика за производство на делови за поддршка на Ван Хол и во Македонија но сега веќе и во Белгија“, нагласува Андреев
Странската инвестиција која отвори најмногу работни места во Македонија, германски Дрекстермаер наскоро ке прослави две годи од отпочнување со работа.Толку време со оваа компанија соработуваат и помали регионални компании. Едни ги снабдуваат со храна други ги превезуваат вработените.
Дијана Иванова
