Бројот на загинати полицајци се искачи на шест
10.05.2015 10:16
Македонската влада прогласи дводневна жалост. Акцијата за разбивање на терористичката група во Куманово сеуште трае...

Синоќа припадник на МВР им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Бројот на загинати полицајци се искачи на шест. Македонската влада прогласи дводневна жалост. Акцијата за разбивање на терористичката група во Куманово сеуште трае.
Министерството за внатрешни работи вчера отпочна акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група, која според оперативните сознанија, сакала да го искористи актуелниот политички момент и имала за цел да организира напади врз државни институции.
