Во Зубовце, погребан загинатиот Ненад Серафимоски
10.05.2015 16:18
На погребот покрај многуилјадниот народ, присуствуваа Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи со своите соработници, Никола Попоски, министер за надворешни работи, припадници на единици на МВР и други...

На гробиштата во гостиварското село Зубовце, со највисоки почести беше погребан Ненад Серафимоски, припадник на единицата „Тигри“, кој загина во акцијата на МВР во Куманово.
На погребот покрај многуилјадниот народ, присуствуваа Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи со своите соработници, Никола Попоски, министер за надворешни работи, припадници на единици на МВР и други.
Со службата чиноначалствуваше митрополитот Гостиварско- тетовски господин Јосиф во сослужение со повеќе свештенослужители од епархијата.
