Светските агенции известуваат за судирите во Куманово
Новинската агенција „Асошиејтед прес“, информирајќи за ситуацијата во Куманово, ја пренесува изјавата на министерката за внатрешни работи Јанкулоска...

Странските агенции известуваат за судирите во Куманово. Агенцијата „Ројтерс“ ја цитира министерката Јанкулоска, дека ситуацијата на теренот останува многу критична и оти акцијата ќе продолжи се додека не биде „фатен и последниот терорист“.
Француската новинска агенција „Франс прес“ наведува дека Sрбија испраќа дополнителни сили на границата со Косово и со Македонија. Новинската агенција „Асошиејтед прес“, информирајќи за ситуацијата во Куманово, ја пренесува изјавата на министерката за внатрешни работи Јанкулоска дека терористичката група влегла во Македонија од една соседна земја, и оти планирала да ја искористи сегашната политичка ситуација и да изведе напади врз државни институции.
„Асошиејтед прес“ ја пренесува и изјавата на американската амбасада во Скопје во која, меѓу другото, се бара граѓаните да останат мирни.
