Со успешно планирана и изведена акција, поразена и неутрализирана најопасната терористичка група

10.05.2015 17:02

Министерството за внатрешни работи на прес - конференција излезе со нови детали врзани за дводневната акција во Куманово. Познат е идентитетот на дел од терористите. Полицијата тврди дека дејствувале во најопасната група која била закана за целиот регион. Планирала бројни крвави активности. Напади на тратешки објекти и институции во средината на месецот а мета биле невини цивилни жртви...

По повеќе од 28 часа МВР објави дека е елиминирана и неутрализирана терористичката група. Помошник министерот, Иво Котевски вели дека терористичката група била предводена од 5–мина, командант Нато, командант Соколи, командант Малишева, командант Бегу и командант Јуниху, сите поранешни членови на 113-тата бригада на ОВК. Рече дека е била најопасна група на Балканот, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници за најтешки кривични дела.

„Сите петмина се косовски државјани и се доведуваат во врска со формирање на бројни терористички и екстремистички групи во регионот, односно фигурираат како основачи на паравоени структури. Според првичните сознанија, тројца од нив синоќа и се предадоа на полицијата, но сеуште се работи на потврдување на нивниот идентитет. На лице место досега се пронајдени и 14 тела во униформи чиј идентитет дополнително ќе се утврдува“, изјави Котевски.

Во акцијата се предале 30 – мина  терористи главно македонски државјани но и еден државјанин на албанија и носеле униформи со ознака учк. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност .

„Дел од овие лица, македонски државјани и претходно се кривично гонети за најтешки кривични дела како убиства, разбојништва, тешки кражби и други дела од областа на насилниот криминал. Од првичните разговори дел од нив посочуваат дека групата започнала да влегува и да се утврдува во земјава на почетокот на месецов, подготвувајќи се кон средината на мај да отпочне со терористички напади кон цивилни и државни цели“, нагласи Котевски.

МВР не ја исклучува можноста  во одредени простории да има уште загинати терористи. Екипите вршат увид на местото на настанот .. Првично е пронајден голем арсенал на оружје,  кој ќе биде предаден на вештачење  .полицијата била напаѓана со снајпери , рачни фрлачи на гранати , бомби и автоматско оружје .

Во борбата со терористите трагично загинаа  8 припадници на безбедносните сили, а 37 се повредени . Досега нема информации за жртви од цивилното население  во кумановско .

 

Викторија Тодоровска