Груевски: Нема да дозволиме дестабилизација на Македонија

10.05.2015 17:06

Полицијата во крајно професионално спроведена акција разби една од најгоелмите терористички закани за Балканот...

Тоа што се случи во Куманово не е Македонско - албански судир, туку судир на терористи и бранители, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање.

Полицијаците во мешан етнички состав извршија херојска акција со која спасија илјадници невини жртви. Полицијата во крајно професионално спроведена акција разби една од најгоелмите терористички закани за Балканот.

Македонија покажа дека има капацитет да оди напред кон своите стратешки цели, дестабилизација нема да дозволиме – рече Груевски.

Обраќањето на премиерот Груевски го следеше Милчо Велески...