По две бурни ноќи, денеска во Куманово е мирно
За граѓаните се уште е затворен влзеот кон населбата, сообраќајот се пренсочува. Додека трае операцијата на теренот нема да има пристап за цивили и други возила. Жителите од тој дел на градот воглавно не се во своите домови...

Увидна екипа со полициски возила се упати и влезе кон Дива населба. За граѓаните се уште е затворен влзеот кон населбата, сообраќајот се пренсочува. Додека трае операцијата на теренот нема да има пристап за цивили и други возила. Жителите од тој дел на градот воглавно не се во своите домови. Некои од нив се спуштаа кон градот и одеа кај нивни роднини и пријатели, велат дека очекуваат добри вести наскоро да се вратат во своите домови. Во останатиот дел од градот мирно, со релативна раздвиженост.
Во текот на денот беше одржана седница на општинскиот кризен штаб на беше соопштено дека лицата кои немаат каде може да се евакуираат во училишта и интеренати. Отворена е и бесплатна телефонска линија на која може да се јавувуваат граѓани на кои им е потребна помош, информираат од кумановската локална самоупрвава.
Поради состојбата во Куманово донесена одлука утре градинките и училиштата да не работат. Манифестациите закажани за денеска беа откажани.
Габриела Димковиќ
