Скопскиот маратон одложен, се трчаше почесен круг

10.05.2015 16:41

Дел од маратонците, со црни траки на рацете, направија симболичен гест и истрчаа почесен круг за загинатите бранители. Испратија порака за ненасилство...

Не се одржа закажаниот Скопски маратон. Организаторот, Сојузот на спортови на Скопје, соопшти дека маратонот се одложува поради новонастанатата безбедносна ситуација во земјава.

Воедно, организаторот на Скопскиот маратон им изрази сочувство на семејствата на загинатите бранители. Сепак, стотици натпреварувачи се појавија утрово на стартното место. Дел од нив, со црни траки на рацете, направија симболичен гест и истрчаа почесен круг за загинатите бранители. Испратија порака за ненасилство.

Новиот датум на одржување на оваа традиционална спортска манифестација дополнително ќе биде утврден. На маратонот беа пријавени повеќе од 7.500 учесници.