Во Полошко погребани загинатите полицајци

10.05.2015 18:36

Четворица од загинатите во полициската акција се од Полошкиот регион. Тројца од нив денеска беа погребани во нивните родни краеви: Тетово, Брвеница и Зубовце...

32 годишниот Сашо Самојлоски од Тетово, 40 годишниот Горан Илиевски од Гостивар, 32 годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница и 28 годишниот Ненад Серафимовски од Зубовце. Ова се четворицата припадници на безбедносните сили од Полошко кои загинаа во полициската акција во Куманово.

Горан Илиевски од Гостивар им подлегнал на повредите утрово на скопска клиника. Посмртните останки на останатите тојца беа погребани денеска во нивните родни краеви.

Од нив се простија роднините и пријателите, а нивните колеги рекоа дека секогаш биле достојни на задачата, вистински професионалци и посветени на своите семејства.

На погребните церемонии, кои беа извршени со државни почести, присуствуваа и министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска и директорот на ДБК Сашо Мијалков.

 

Зоран Јованоски