Претседателот Иванов ќе се сретне со амбасадорите Бејли, Орав и Брет

11.05.2015 09:38

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, ќе присуствуваат и капетанот Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор...

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав и шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет.
 
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, ќе присуствуваат и капетанот Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор.
 
Претседателот Иванов по синоќешната седница на Советот за безбедност најостро го осуди терористичкиот напад во Куманово од страна на групи чија цел, како што рече, беше дестабилизација на Македонија. Тој истакна дека на седницата на Советот за безбедност е изразена подготвеност да не се дозволи ескалација на тензиите.