Иванов побара деблокада на евроатланските интеграции
Иванов денеска се сретна со американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав, в.д. шефицата на мисијата на ОБСЕ, Мариане Берец, капетанот Румен Радев од канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Турција и контакт амбасадор со НАТО, Омур Шолендил. На средбата се разговарало за заклучоците од Советот за безбедност, за случувањата во Куманово и безбедносната состојба...

По вчерашниот состанок на Советот за безбедност, претседателот Иванов денеска се сретна со американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав, в.д. шефицата на мисијата на ОБСЕ, Мариане Берец, капетанот Румен Радев од канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Турција и контакт амбасадор со НАТО, Омур Шолендил.
На средбата се разговарало за заклучоците од Советот за безбедност, за случувањата во Куманово и безбедносната состојба. Како што информираат од претседателскиот кабинет, Иванов уште еднаш ја побарал поддршката од меѓународната заедница за стабилноста на Македонија и на целиот регион, во насока на деблокада на евроатлантските интеграции на земјава.
Дологодишниот статус – кво на ова поле создава простор за најразлични обиди за дестабилизација и затоа е потребно, порачал Иванов, итно да се изнајдат начини да и се овозможи напредок на Македонија во евроатлантските интеграции.
Претседатлот истакнал дека сега е особено важно да се врати чувството на сигурност и на безбедност на граѓаните, обединетоста на внатрешен план, но и да се засили регионалната и меѓународната соработка во борбата против тероризмот, што подразбира и зголемен ангажман и соработка од сите меѓународни фактори во земјава.
Како што информирата од кабинетот на Иванов, амбасадорите на средбата го поздравиле присуството на претставниците на релевантните партии на седницата на Советот за безбедност и истакнале дека во моментов е неопходен политички дојалог за надминување на предизвиците.
