Охрид домаќин на Меѓународна конференција за платни системи
11.05.2015 11:48
На конференцијата ќе учествуваат претставници на банките од регионот...

За дигитализацијата на платежните текови и иновации ќе се разговара на Меѓународната конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност од денеска до 13-ти мај во Охрид.
Во организација на Народната банка и во соработка со Централните банки на Холандија и на Португалија ќе се разговара за тековните платни системи во Европската унија и новите трендови кај хартиите од вредност.
На конференцијата ќе учествуваат претставници на банките од регионот, од Југоисточна Европа, Турција, Германија, Велика Британија, како и УНКТАД, за трговија и развој на Обединтетите нации.
