Иванов на средба со дипломатите во земјава: Итна деблокада на евроатланските интеграции
По нивно барање, во претседателската резиденција шефот на државава Ѓорге Иванов имаше средба со амбасадорите на САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ. Иванов побарал деблокада на евроатланските интеграции...

Поддршка од меѓународната заедница за стабилноста на земјава, но, и за целиот регион побарал претседателот Иванов од дипломатите акредитирани во земјава.
На американскиот амбасадор во земјава, Бејли, евроамбасадорот Орав, шефицата на мисијата на ОБСЕ, берец и на претставниците на НАТО, Радев и Шолендил им ги пренесол заклучоците донесени од Советот за безбедност кој заседаваше поради случувањата во Куманово.
Дологодишниот статус – кво на ова поле создава простор за најразлични обиди за дестабилизација и затоа е потребно, порачал Иванов, итно да се изнајдат начини да и се овозможи напредок на Македонија во евроатлантските интеграции.
Од кабинетот на Иванов велат дека претседатeлот им предочил на амбасадорите дека сега е особено важно да се врати чувството на сигурност и на безбедност на граѓаните, обединетоста на внатрешен план, но, и да се засили регионалната и меѓународната соработка во борбата против тероризмот, што подразбира и зголемен ангажман и соработка од сите меѓународни фактори во земјава.
Амбасадорите со позитивна оценка за присуството на претставниците на релевантните партии на седницата на Советот за безбедност. Истакнале дека во моментов е неопходен политички дојалог за надминување на предизвиците.
Фиљана Кока
