Македонија оддава почит на загинатите припадници на безбедносните сили

11.05.2015 15:24

Денеска се погребани четворица од загинатите осум бранители...

Македонија тагува по своите загубени припадници на безбедносните сили. Денеска се погребани четворица од загинатите осум бранители.

На гробиштата во Стајковци ќе биде погребан полицаецот Бобан Ивановиќ, во Камник- Горан Стојменовиќ, Љубиша Арангеловиќ ќе биде погребан на гробиштата во Бутел, додека Горан Илиевски во Гостивар.