ЕУ и НАТО: Загриженост за состојбата во земјава

11.05.2015 15:18

Првиот човек на најголемата воено-политичка организација на светот, исто така посочи дека НАТО ќе го следи одблиску развојот на настаните во Македонија...

Загриженост во Европската унија и НАТО за состојбата во земјава. Првиот човек на Северно-атланската алијанса, Јенс Столтенберг порача дека полицијата се справила со терористите професионално. Најважно е што нема цивилни жртви.

Првиот човек на најголемата воено-политичка организација на светот, исто така посочи дека НАТО ќе го следи одблиску развојот на настаните во Македонија.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан со неколку пораки до надлежните во земјава. Побара разјаснување на она што се случи викендот во Куманово во Македонија и посочи дека настанот не треба да ги одвлече Владата и опозицијата да почнат да соработуваат и да го решат политичкиот проблем во земјата.

Хан ги повикува сите инволвирани страни и чинители да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи, кој беше надлежен, како и тоа кој е одговорен за тоа и да се делува обединето за ова прашање.