Курц ќе побара Советот на ЕУ да расправа за Македонија
Тој за состојбата денеска разговарал со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, при што апелирал сите страни да покажат воздржаност, а Владата и опозицијата во Македонија ги повикал на соработка...

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц изрази загриженост поради најновата ескалација на насилствата во Македонија и ќе побара актуелните случувања да бидат тема на следниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
Тој за состојбата денеска разговарал со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, при што апелирал сите страни да покажат воздржаност, а Владата и опозицијата во Македонија ги повикал на соработка.
Според него, настаните треба да се сфатат како „повик за будење“ и ја нагласил потребата за напредок во надминувањето на внатрешно-политичката криза. Побарал и целосна и транспарентна истрага за случувањата, пренесува Австриската новинска агенција.
Курц, од ЕУ побарал „јасна европска перспектива“ за Македонија, чиј процес на евроинтеграција е блокиран поради спорот со Грција за името.
Австрискиот министер за надворешни работи очекува ситуацијата во Македонија да биде тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ, следната недела.
