Бан Ки-мун повика на воздржаност по инцидентот во Куманово

11.05.2015 16:00

Генералниот секретар силно ги поддржува повиците на Европската Унија и други членки на меѓународната заедница кои ги повикуваат властите и сите политички и други водачи да соработуваат за да се врати стабилноста и целосно да се истражат настаните на објективен и транспарентен начин...

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, изрази загриженост за инцидентите во Куманово. Повика за воздржаност и упати сочуство до семејствата на загинатите и ранетите во акцијата.
 
Генералниот секретар силно ги поддржува повиците на Европската Унија и други членки на меѓународната заедница кои ги повикуваат властите и сите политички и други водачи да соработуваат за да се врати стабилноста и целосно да се истражат настаните на објективен и транспарентен начин. Во ова чувствително време, Генералниот декретар ги повикува сите да покажат максимална воздржаност и да не прибегнуваат кон реторика или постапки кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите, пишува во соопштението од генералниот секретар.
 
Бан Ки- мун ги охрабруваат македонските власти да ги исполнат оценките изразени од Високиот комесар за човекови права од март годинава, за целосна посветеност на основните човекови права, владеењето на правото и создавање на атмосфера за слободно изразување.