Погребани четворица од загинатите осум бранители
11.05.2015 16:44
Оставија зад себе сопруги, деца, родители, роднини, другари, кои немо, во километраски колони им оддадоа почит до вечното почивалиште...

Последен поздрав за Бобан, Горан, Љубиша и Горан. Со неизмерна тага, болка и солзи од нив се збогуваа најблиските. Не се помируваат дека нивните животи згаснаа во еден миг.
Оставија зад себе сопруги, деца, родители, роднини, другари, кои немо, во километраски колони им оддадоа почит до вечното почивалиште.
Македонија тагува за своите бранители. Иако многупати се соочиле со ризици, кобен беше судирот во Куманово кога времето запре за Бобан, Горан, Љубиша и Горан.
Нивните колеги Жарко, Ненад, Сашо и Исамедин беа погребани ден претходно.
Нека им е вечна слава!
Наташа Јанчиќ
