Стабилна здравствената состојба на повредените бранители
Министерот Тодоров денеска имаше средба со медицинскиот тим во Куманово кој беше ангажиран за време на настаните изминативе два дена. Им се заглагодари за навремената реакција, пожртвуваност и укажаната помош на повредените...

Сите припадници на безбедносните сили кои беа ранети во акцијата за разбивање на терористичката група во Куманово се во стабилна здравствена состојба. За нивното здравје преку соопштение информираа од Министерството за здравство. На хируршките клиники хоспитализирани се 20 полициски службеници, а во Градската општа болница „8-ми Септември“ згрижени се девет припадници на полицијата - сите во добра состојба. Се очекува во текот на денот најмалку двајца од нив да бидат пуштени на домашно лекување - стои во соопштението на Министерството за здравство.
Министерот Тодоров денеска имаше средба со медицинскиот тим во Куманово кој беше ангажиран за време на настаните изминативе два дена. Им се заглагодари за навремената реакција, пожртвуваност и укажаната помош на повредените.
Ургентниот центар сеуште го обезбедува полицијата, но во Клиничкиот центар нема забранет влез за цивилните возила како претходните два дена.
Во текот на викендот целиот медицински персонал беше мобилизиран, се правеа над човечки напори за да се спасат животите на полицајците.
Андријана Атанасовска
