Хан: Да нема етнички тензии
Хан смета дека инцидентот не смее да ги оддалечи политичките субјекти од сериозната состојба Македонија. Ги повика Владата и опозицијата да почнат да соработуваат...

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги повика сите инволвирани партии во земјвата да соработуваат и да одредат што точно се случува, кој е одговорен за тоа и да реагираат единствено по тоа прашање.
Хан смета дека инцидентот не смее да ги оддалечи политичките субјекти од сериозната состојба Македонија. Ги повика Владата и опозицијата да почнат да соработуваат.
„Овој инцидент не смее да се користи и понатаму да се усложнува и да се предизвикуваат етнички тензии. Ги повикувам сите одговорни луѓе во земјата и во соседството да реагираат единствено, насочено и на транспарентен начин“, изјави еврокомесарот Хан.
Портпаролката на шефицата за европска дипломатија Могерини, Маја Коцијанчич истакна дека инцидентот во Куманово е изолирана појава и дека силно верува дека неодамнешните инциденти не смеат да ги повредат односите во општеството, ниту пак да доведат до влошѕвање на меѓуетничките односи во земјата.
„Политичките претставници во земјата и во регионот го одбија насилството, важно е да продолжат така и да останат на курсот на политички дијалог и мир“, рече Коцијанчич.
Коцијанчич смета дека ова е вистински момент за лидерите во државата да се посветат на сериозен и суштински политички дијалог за предизвиците со коишто се соочува земјата, вклучувајќи ја и политичката криза и неопходните реформи.
Марина Автовска
