Јавен увид во програмата за продажба на државно земјоделско земјиште
12.05.2015 11:45
Почна јавниот увид за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2015 година. Понудени се 190 хектари во 18 општини...

Јавниот увид на предлог програмата ќе трае до 17-ти овој месец. Заинтересираните можат да поднесат забелешки 5 дена по завршувањето на увидот. Земјиштето се нуди во парцели или блокови до 10 хектари.
Продажбата ќе биде со електронско јавно наддавање, а почетната цена е одредена од бирото за судски вештачења.
Дополнителни информации земјоделците можат да добијат во министерството и подрачните единици.
Методија Трајков
