Свечена академија за Денот на Европа

12.05.2015 12:12

Покровител на манифестацијата е министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која треба да се обрати пред присутните...

Вечер во Младинскиот културен центар ќе се одржи Академија по повод Денот на Европа. Свеченоста е во организација на Европското движење во Република Македонија.

Покровител на манифестацијата е министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која треба да се обрати пред присутните, а најавени се поздравни обраќања и на претседателот на Европското движење во државава, Милева Ѓуровска и на амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав.

На ликовниот уметник Јован Балов ќе му биде доделена награда за европска личност за 2014 година.