Реакција од кабинетот на Иванов на изјавите на Заев

12.05.2015 14:27

Зоран Заев, согласно со деловникот за работата на Советот за безбедност потпиша изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница. Сметаме дека во вакви исклучително чувствителни моменти е неопходно одговорно однесување од сите, стои во реакцијата...

Од Кабинетот на претседателот Иванов со реакција во врска со изнесувањето информации на лидерот на СДСМ, Заев од одржаната седница на Советот за безбедност.

„Заев беше повикан од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на Советот за безбедност за да биде информиран за деталите и преземените дејствија во акцијата во Куманово, како и за безбедносната состојба во државата. Против Зоран Заев е подигнато обвинение за случајот „Пуч“. Македонскиот претседател, почитувајќи ја презумпцијата на невиност, а водејќи се од државните интереси, реши да го повика Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност. Зоран Заев, согласно со деловникот за работата на Советот за безбедност потпиша изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница. Сметаме дека во вакви исклучително чувствителни моменти е неопходно одговорно однесување од сите“, стои во реакцијата.