Пронајдено украденото оружје од караулата во Гошинце
Во неделата биле извршени претреси на две локации во Малино маало и Брест, на отворен простор во импровизирани бункери...

По приведувањето и разговорите со лицата осомничени за тероризам, дел од нив ја потврдија инволвираноста и во нападот на полициската станица Гошинце, посочувајќи го местото на кое го сокриле и складирале оружјето украдено од станицата, информираа од МВР.
Во неделата биле извршени претреси на две локации во Малино маало и Брест, на отворен простор во импровизирани бункери. При претресите пронајдени се 61 парче автоматско оружје, 3 пушко митралези, 8 сандаци со муниција.
Од првично направените проверки утврдено е дека од вкупно 59 парчиња автоматско оружје, кои имале јасни и видливи сериски броеви, 54 пушки со сериски број се сопственост на МВР, односно оружјето кое било одземено од страна на криминално-терористичката група од полициската станица во Гошинце.
