Дел од уапсените терористи учествувале и во нападот во Гошинце

12.05.2015 16:55

Пред истражните органи го посочиле и местото каде го скриле и складирале украденото оружје...

Терористичката група што два дена беше стационирана во куманоската населба „Тоде Мендол“ го извршила нападот и врз полициската станица во Гошинце. Ова го признале осомничените кои по полициската акција безусловно се предадоа.

Пред истражните органи го посочиле и местото каде го скриле и складирале украденото оружје. Во неделата биле извршени претреси на две локации во кумановските Малино Маало и Брест, и на отворен простор во импровизирани бункери пронајдена е поголема количина на оружје и муниција, полуавтоматски пушки од украинско, кинеско и југословенско потекло, пушкомитралези и 8 сандаци со муниција.

„Од вкупно 59 парчиња автоматско оружје на кои што се познавале сериските броеви, по направените проверки утврдено е дека 54 пушки со сериски број се во сопственоист на мвр односно се дел од кривичното дело“, изјави Иво Котевски - помошник министер за внатрешни работи.

30 лица од терористичката група добија по 30 дневне притвор, осомничени се за загрозување на државниот поредок и уредувањето на Македонија.

 

 

Андријана Атанасовска