Заклучоци од седницата на Советот за безбедност: Превенција и будност како заштита од насилни акти
Министерството за внатрешни работи да изработи писмена информација за безбедносната состојба во државата и да ја достави до Советот за безбедност и да продолжи во континуитет да ја информира јавноста за безбедносните настани во земјата.

Соопштени заклучоците од неделната седница на Советот за безбедност. Министерството за внатрешни работи да изработи писмена информација за безбедносната состојба во државата и да ја достави до Советот за безбедност и да продолжи во континуитет да ја информира јавноста за безбедносните настани во земјата.
МНР да изработи акт за информирање кон меѓународните организации и странски држави за актуелната безбедносна состојба и за настаните во Гошинце и Куманово и Липково.
Сите надлежни институции од областа на безбедноста и одбраната да превземат мерки во рамките на нивните законски надлежности и да се интензивира регионалната и меѓународната соработка за спротивставување и заштита од тероризам со цел во иднина да се превенираат насилни акти во Република Македонија, стои во заклучоците од Советот за безбедност што се одржа во неделата во проширен состав со учество на претставници од политичките партии.
