Попоски на Министерски состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

13.05.2015 11:58

Ќе бидат разгледувани прашањата поврзани со мандатот на мисијата во Авганистан...

Шефот на дипломатиата Попоски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатланскиот совет на НАТО во Анталија.

Ќе бидат разгледувани прашањата поврзани со мандатот на мисијата во Авганистан, со цел преку обука и тренинг на авганистанските безбедносни сили, воспоставување на стандрди и системи што ќе овозможат на авганистанската влада сама да ја преземе одговорнсота за безбедноста на земјата.