Анкетна комисија за прислушувањето, по враќање на опозицијата

13.05.2015 12:35

Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот...

На денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од маѓународната заедница. Со Анкетната Комисија ќе претседава пратеник од опозицијата, стои во соопштението.