МВР: Потврден идентитетот на убиените терористи

13.05.2015 13:28

Се работи за Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, за кој МВР се сомневаше дека е еден од лидерите на терористичката група и Бег Ризај, познат како командат Бегу, двајцата државјани на Косово...

Преку Интерпол, потврден идентитетот на тројца од терористите убиени во акцијата во Куманово. Станува збор за државјани на Косово и еден на Македонија, соопштија од МВР.

Се работи за Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, за кој МВР се сомневаше дека е еден од лидерите на терористичката група и Бег Ризај, познат како командат Бегу, двајцата државјани на Косово. Потврден е идентитетот и на Нусред Каљоши, кој е македонски државјанин.

Преку Интерпол, исто така потврден е и идентитетот на едно од приведените лица. Станува збор за Сами Укшини, алијас командант Соколи.