Констатирани оставките на Јанкулоска и Јанакиески
13.05.2015 14:33
Груевски во своето обраќање посочи дека Чавков и Мисајловски се искусни и способни луѓе кои ќе можат да ги предводат МВР и Министерството за транспорт и врски...

Собранието денеска на 50-тата седница ги констатираше оставките на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а премиерот Никола Груевски го образложи предлогот на нивно место да бидат избрани Митко Чавков и Владо Мисајловски.
Груевски во своето обраќање посочи дека Чавков и Мисајловски се искусни и способни луѓе кои ќе можат да ги предводат МВР и Министерството за транспорт и врски.
На седницата присуствуваат 79 пратеници, и тоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички.
Се очекува Парламентот по дебатата да гласа за новите предлози за министри.
