Советот за етика со опомена до медиумите да не објавуваат невистини и шпекулации

13.05.2015 14:53

Фундаментална цел на новинарството е да и служи на јавноста низ пласирање вести, гледишта, коментари и информации за прашања од јавен интерес, а неоправданите шпекулации и гласини не треба да бидат претставени како факти...

Советот за етика во медиумите на Република Македонија, имајќи ги предвид најновите случувања во државата, апелира до медиумите да информираат на професионален и урамнотежен начин, и дека фундаментална цел на новинарството е да и служи на јавноста низ пласирање вести, гледишта, коментари и информации за прашања од јавен интерес, а неоправданите шпекулации и гласини не треба да бидат претставени како факти.

Медиумите да не објавуваат материјали што содржат навреда или клевета против поединци и групи, освен доколку не се утврди дека постои причина и доказ да се верува дека е тоа вистинито и е тема од јавен интерес.