Земјата да се обедини- порачува европарламентарецот Танок

13.05.2015 16:34

Потребен е национален консензус во време на национална итност. Европратеникот Чарлс Танок со поддршка за премиерот Груевски...

Силна осуда за терористичкиот напад во Куманово од еврпратеникот од владејачката конзервативна партија на Англија, Чарлс Тенок. „Не е момент за ловење на партиски поени во време кога државата е нападната од надворешна агресија“, изјави Танок  за македонската телевизија.

„Цврсто стојам зад Владата на премиерот Груевски, во неговата намера за борба и заштита од заканите  и  за зачувување на националната безбедност. Треба да има договор за национален консензус во време на национална итност. Ова не е време за партиска политика, туку време за да им  се даде отпор на надворешната агресија и на  провокацијата, да се обедини земјата и повторно да се воспоставуват  мир, просперитет и национална безбедност“, изјави Тенок.

Европратеникот од редовите на партијата на британскиот премиер Камерон верува во македонскиот судски систем кој е зрел за да се справи со ситацијата и пред лицето на правдата да ги изнесе оние кои извршиле криминално дело против државата.

Јасна и недвосмислена порака и од Марија Петир пратеничка која доаѓа од најмоќната европска парламентарна партија.

„Го осудувам таквиот напад и барам од надлежните институции, пред се во Европската Унија да застанат зад Македонија, за да заврши оваа агонија, и да пратат недвосмислена порака до Македонија која е подготвена за започнување на преговорите. Бараме од Комисијата и од Советот на Европа да ги отворат прегoворите за Македонија“, вели Петир.

Пријателите на Македонија во Европскиот парлемент порачуваат- воздржаност од било какво физичко и вербално насилство и единство на македонскиот народ со цел зачувување на бебзедноста и територијалниот интегритет на нашата земја.

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ