Заев по 31-ви пат објави прислушкувани телефонски разговори

13.05.2015 16:37

Тој тврди дека од објавените телефонски разговори што ги поседува се слуша за криминали и местени тендери од милионски суми...

Како функционирала владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ова е главната тема на новите аудио разговори кои денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој тврди дека од објавените телефонски разговори што ги поседува се слуша за криминали и местени тендери од милионски суми. Заев рече дека не се доволни оставките на министрите Јанкуловска и Јанакиевски и побара оставка и од премиерот Груевски.

По прес- конференцијата, на новинарско прашање, Заев одговори дека и по повиците од амбасадорите, опозицијата не се враќа во Парламентот. Тоа ќе го стореле само кога ќе си заминел Груевски, за, како што рече, да формираат преодна влада.

 

Катерина Топалова